ЌЕ БИДЕ МНОГУ УБАВО ДА ГО ВИДИМЕ АЛИ АХМЕТИ ВО ОПОЗИЦИЈА, ВЕЛИ МЕНДУХ ТАЧИ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ДПА Мендух Тачи денеска на прес-конференција остро ја критикуваше идејата на лидерот на ДУИ Али Ахмети за премиер Албанец на Македонија. За Ахмети кажа и дека е стеран во мртов агол и ќе биде убаво да го видиме како ќе се снајде во опозиција.

„Граѓаните одлучуваат кој ќе биде премиер, а премиер ќе биде тој што ќе победи на изборите, а Албанците можат да освојат најмногу до дваесетина пратеници. Затоа, ова што го зборува Али Ахмети е тешка манипулација со луѓето и со емоциите на Албанците оти нешто тој ќе направи. Тие се стерани во мртов агол и ќе биде многу убаво да ги видиме како ќе се снаоѓаат во улога на опозиција“, изјави Тачи.

Тој рече дека Ахмети неточно ја прененел идејата на ДПА од кампањата во 2014 година.

„Сакам да укажам на глупоста или на големата лага на идејата на господинот Ахмети за премиер Албанец. Последниве денови многу се прави споредба со нашата идеја. Претседателот на ДПА да биде заменик премиер, односно неточно се пренесува на нашата идеја од кампањата во 2014, кога ние исто имавме ваква идеја. Али Ахмети глупаво ми ја украл идејата. Идеја ми беше и уште е, јас како заменик премиер Албанец во Република Македонија со што фигуративно ќе бидам премиер на Албанците, со политички концепт кој значи консенсуална демократија и со внатрешни правни механизми за да се сопре економската дискриминација кон Албанците. Мојата идеја етички, морално, политички и правно е изводлива. Тоа не значи поделба на власта на Македонци и Албанци. Тоа значи почитување на етички принципи на правење политика. Јас како претседател на партија да се кандидирам за премиер е смешно бидејќи немаме процедурална варијанта со гласови”, вели Тачи.

Што се однесува до датумот за одржување на изборите, за Тачи е на став дека тие не може вешно да се пролонгираат и дека треба да се одржат на 5 јули.

„ДПА е на став дека 5 јули е датумот на кој треба да одиме на избори. Не може вака понатаму да одиме. Ова сега е Влада во која политичките партии се повеќе грижат за нивниот рејтинг отколку за сериозноста на ситуацијата. Сѐ околу нас, па и кај нас, укажува дека ваквата состојба со КОВИД-19 нема да трае две недели или уште два месеца, ќе трае поведолго и ние не треба да бидеме во ситуација да чекаме со месеци за да се поправи состојбата па да одиме на избори“, додаде Мендух Тачи. .

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This