ЌЕ ЈА ОТВОРИ ЛИ ПЕНДАРОВСКИ ВРАТАТА ЗА МИГPAHТИТЕ: Активистка за правата на мигpaнтите дел од кабинетот на Пендаровски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владиниот портпарол, Миле Бошњаковски, најверојатно ќе биде дел од тимот на претседателот, Стево Пендаровски. Според извори на „Фокус“ Бошњаковски ќе премине во кабинетот на Пендаровски, но нема и понатаму да биде задолжен за односи со јавноста, туку најверојатно ќе ја заземе позицијата шеф на кабинет на претседателот.

Дали со евентуалниот избор на Мерсиха Смаиловиќ во неговиот кабинет, Стево Пендаровски испраќа порака дека ќе води политики и стратегии кои ќе значат интеграција за мигpaнтите ? Неодамна министерката за одбpaна Радмила Шеќеринска изјави дека мигpaнтската kpиза е нова реалност за која мора да се навикнеме.

Едно од имињата кои се споменуваат дека би можеле да бидат дел од кабинетот на претседателот Пендаровски е и Мерсиха Смаиловиќ која е позната во јавноста како активист и претседател на невладината организација НВО Легис (Скопје), и беше многу активна во помагањето на бeгaлцитe и мигpaнтите кои што поминуваа низ Македонија на почетокот на бeгaлcката kpиза, пренесува Магазин.

Мерсиха Смаиловиќ е родена 1984 год.во Скопје. Нејзиното семејство е од Санџак, Р.Србија, а се доселуваат во Скопје во 50-тите години. Дипломирала при универзитетот Св. Кирил и Методиј во 2008 година и е единствената студентка која носела марама на Правниот факултет. Уште во своите рани средношколски денови е активна во невладиниот сектор каде наоѓа простор да се бори за етаблирање на хуманизмот во рамките на општествената социјализација. Со запишувањето на правните студии, активизмот го насочува кон женските муслимански кругови. Моментално работи како правен консултант, во компанијата во која е коосновач, Нахла Консалтинг и е претседател на Здружението за жени ЕДУ/НИСА.

Новоизбраниот шеф на државата, инаку, деновиве го екипира својот кабинет. Освен Бошњаковски, најверојатно во кабинетот на Пендаровски ќе влезе и универзитетскиот професор Александар Спасов, кој ќе биде еден од советниците.

Неофицијални извори велат дека во тимот на Пендаровски ќе биде и поранешната новинарка, Катерина Цаневска, која беше портпарол на екс градоначалник на Центар, Андреј Жерновски.

Во изборот на Пендаровски биле и Ана Чупевска Станишковска, доцент на Правен факултет.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This