Ќе доживееш дeбaкл на избори, но здравјето на народот мора да се зaштити

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вчерашната скратена лидерска средба во вилата на Водно не донесе решение. Се чини дека неформалните брифинзи открија дека се неисполнети и други аспекти потребни за транспарентен изборен процес.

Од СДСМ дознавме само датуми, но не и суштина. Од ВМРО-ДПМНЕ се брифираше дека освен апсектите на запазување и заштитита на здравјето на граѓаните, практично Заев турка избори без прочистен список и без обезбедена набљудувачка мисија. И една Украина има избори со набљудувачка мисија, а за администрацијата на Заев тоа се чини невозможна мисија.

Оние детали кои се дека Заев бил видно нервозен и фрустиран во својот настап. Не кажал ниту збор за транспрентен изборен процес, туку едноставно го повторувал единствено најновиот датум 8-ми јули како решение кое треба да се прифати.

Заев на аргументите дека заразата со корона излезена е од контрола, целосно кренал раце кажувајќи дека тоа е реалноста и нема што повеќе да прави државата.

Мицкоски на ова тропнал на масата и рекол дека Заев ќе доживее вистински дебакл на изборите, но дека мора прво да се заштити здравјето на граѓаните.

-Неприфатлив големиот број на заразени во услови кога сите околни земји драматично подобро се справуваат со кризата со корона, а најголемиот дел од нив прогласија победа, посочил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски изнел став дека е несериозно да се наддаваат со датуми кои се формата, а суштината на решението е колку државата е способна да го заштити здравјето во овие околности на корона зараза и да обезбеди транспарентен изборен процес.

Заев, освен за датуми, бил целосно неподготвен да разговара и за другите аспекти на отворените прашања. Имал поприлично нестабилен став во однос на тоа кога мисијата на ОБСЕ ќе дојде воопшто во Македонија. Иако во јавноста кажа дека уште во понеделникот било испратено барање до ОБСЕ од страна на МНР, на лидерската средба кажал дека тоа е направено дури вчера, и немал повратен одговор.

Заев рекол дека ќе се оди на избори со постојниот избирачки список, на што Мицкоски одговорил дека има долг период каде не се евидентирани промените на починати лица и лица кои навршиле полнолество и дека на избори без прочистен список илузорно е да се збори дека државата е подготвена за изборен процес.

Останала отворена вратата за разговори, но решение дали ќе има ќе видиме во наредните денови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This