Ќе има главна расправа: „Северна“ и двојазичноста пред Уставниот суд на Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иницијаторите за оспорување на Законот за јазици и објавувањето на новото име во Службен весник без потписот на тогашниот претседател Иванов ја извојуваа првата победа. За дваесетина дена се очекува главна расправа на која ќе се знае дали иницијативите ќе бидат прифатени или отфрлени.

Денеска се одржа подготвителна расправа каде свои ставови и мислења пред Уставниот суд дадоа адвокат Томе Тодоровски од Свети Николе и Светскиот Македонски конгрес.

Тодоровски истакна дека неспорно е дека Уставот не пропишал временска рамка, уставен рок со кој претседателот ќе биде задолжен да го потпише указот, а исто така Уставот не предвидува санкција за претседателот доколку не го потпише указот.

Во конкретниот случај постои уставно судска пракса која важи и се применува од уставниот суд на Р.М во случајот оспорениот указ и закон се смета како никогаш да не бил донесен. Строгото почитување на уставот од страна на уставниот суд и настанатите правни последици од непотпишувањето на указот директно е поврзан со одлуката за пристапување кон измена на уставот од 19-10-2018 година каде Уставниот суд се прогласи за ненадлежен и ги отфрлои иницијативите и сето тоа доведе до сето ова што ни се случува денес-рече Тодоровски.

Според него, непотпишувањето на указот треба да биде разгледувано и од аспект на суверенитетот и владеењето на правото кој е доведен во прашање а сето тоа се рефлектира и се одрази да не се почитува уставот да се смени името на Макеоднија, да се смени уставот, да се смени преамбулата на уставот, негира идентитетот јазикот, историјата, да се брише се што е македонско, да се менуваат имињата на сите инститиуции што го содржат зборот „Македонија“.

Непотпишувањето на указот од страна на претседтелот е во корелација и тесна врска со суверенитетот од причина што со преспанскиот договор закон се загрозуваат државните и националните интереси. Договор е капитилантски, предавнички и понижувачки да не постои македонска држава, да не постои макеоднска нација да не постои и избрише македонскиот јазик, идентитет и историја-додаде адвокатот во своето излагање.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This