Ќе се наплаќа паркингот спроти ГТЦ се додека не почне изградбата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сопственикот на парцелата спроти Градскиот трговски центар (ГТЦ), фирмата „МГ Фешн“ ќе стопанисува со паркингот додека заврши мораториумот и биде утврдено што ќе може да гради на таа локација.

Град Скопје на седницата која ќе се одржи на 26 декември, ќе им даде дозвола за вршење на дејност паркирање, со цел да се реши ха осот кој се создава откако „МГ Фешн“ го купи земјиштето на кое се наоѓаше паркингот со кој стопанисуваше Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор. На паркингот еден месец рампите се кренати и не се наплатува паркирање.

„Организаторот на паркирањето е должен да ја организира и врши дејноста паркирање во согласност со важечката законска регулатива, стандарди и нормативи кои се однесуваат на оваа дејност и Одлуката за јавните паркиралишта од значење за градот Скопје. Организаторот на паркирањето е должен дејноста да ја врши континуирано, квалитетно и ефикасно, за што е должен да обезбеди соодветни технички, материјални и кадровски услови“, се вели во Одлуката на Град Скопје која треба да ја усвои Советот.

Државното земјиште на паркингот спроти ГТЦ за 2,9 милиони евра или за 312 евра за метар квадратен, во октомври го купија две фирми, „МГ Фешн“ и ТДГ Обновителите“ сопственост на Македонската православна црква. Пред да го купат земјиштето од државата, фирмата „МГ Фешн“ го откупи парцелите кои со денационализација им беа вратени на приватни сопственици.

Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ вели дека со новиот ревидиран план на овој простор ќе има згради.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This