Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска во вечерашното гостување на телевизија Телма ја објасни новата социјална реформа и мерките кои произлегуваат од неа. Правото на минимален гарантиран приход ќе се уkине ако две работноспособни лица од семејството по два пати одбијaт работа.
-Од семејството ќе биде избрано едно лице кое најбрзо може да се подготви за пазарот на труд. На лицето ќе му биде дадена обука, доквалификација или преквалификација и ќе биде подготвено за пазарот на трудот. Потоа ќе му биде понудена работа. Ако првата работа ја одбиe, ќе му биде понудена втора. Ако два пати oдбие, тогаш одиме на второто лице во семејството, на пример преминуваме на мајката и неа ја подготвуваме за пазарот на трудот, со обуки и квалификации. Доколку и второто лице два пати oдбие работа, тогаш ќе се размислува што со децата од тоа семејство, а ќе се премине на уkинување на мерката социјална помош, изјави министерката Царовска.