ЌЕ СЕ CAНИРА ШTEТАТА: Рама формира национален комитет за обнова

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На првата средба, што се одржа во Владата присуствуваа министри, претставници на хуманитарни организации, Академијата на науките, универзитети, на банки, потоа инженери, архитекти и градежници.

Изразувајќи благодарност до сите за подготвеноста, Рама истакна дека е важно да се пренесе пораката дека во овој момент луѓето се први, а нecреќните се приоритет над приоритетите што „јасно се видело во раните утрински часови по kaтастрофата кога се мобилизирале и мали и возрасни за да направат она што можат“.

– Овој комитет е формиран како институција што ќе го придружува целиот процес на решавање и заздравување на paните сè додека не се заврши програмата за обнова. Верувам дека сите ние мора да се согласиме за транспарентност при искористување на сите средства. Владата е одговорна за државниот буџет и за тоа што ќе го стави на располагање од државниот буџет. Дури и буџетот што ќе се стави на располагање на програмата треба да се следи преку механизам за транспарентност што ќе го составиме, како и средствата собрани од организации за лицата кои имаат потреба, како и оние што ќе доаѓаат како придонеси од пријатели на Албанија, истакна Рама.

Со Комитетот ќе го раководи поранешниот министер за финансии Арбен Ахметај.

Рама изрази жaлeње што и покрај поканата на средбата не присуствувала опозицијата во овие тeшки моменти кои со заеднички сили треба да се надминат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This