Ќе формираат ли конечно Влада?: Сѐ уште се чека на одлуката на бугарската социјалистичка партија за конечна одлука

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарската социјалистичка партија сѐ уште нема донесено конечна одлука дали ќе го поддржи кабинетот на најголемата парламентарна сила „Има таков народ“, изјави пратеникот на БСП, Стојан Мирчев за Бугарското национално радио.

Ккао што јави дописникот на МИА од Софија, според Мирчев, тоа би се случило во наредните еден или два дена и ќе зависи од позициите на останатите протестни партии „Демократска Бугарија“ и „Стани БГ! Доаѓаме!“.

Тој истакна дека ќе биде важно дали ќе има разговори меѓу „Има таков народ“ и другите две партии – „Демократска Бугарија“ и „Стани БГ! Доаѓаме!“.

Инаку, според него, нема начин да се избере влада на Бугарија во Националното собрание, чисто математички.

И покрај сличноста на повеќето приоритети меѓу БСП и „Има таков народ“, треба да се види дека има доволно луѓе во Националното собрание кои ја сакаат оваа промена.

– Допирните точки, кои се дефинирани како политики, задолжително треба да се формираат според некој документ или договор. Ова дава гаранција не само за БСП, туку и за бугарското општество, категоричен е Мирчев.

Според него, доколку не биде прифатена владата на „Има таков народ“ и на БСП му се даде трет мандат, тогаш ќе разговараат со актуелната техничка влада и таа ќе остане како редовна.

FacebookTwitterCopy Link

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This