Џабe ја поплyka македонската историја: Македонија добива BETO

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија речиси сигурно ќе биде блокирана од страна на Бугарија на следниот министерски совет на Унијата, на кој требаше конечно да биде усвоена преговарачката рамка, потврдија за МИА во Брисел повеќе високи дипломати од земји членки на ЕУ.

На денешниот состанок на амбасадорите во Брисел на дневен ред беа заклучоците што треба да бидат усвоени на 8-ми декември од страна на министрите за европски работи. Во заклучоците отстранета е опцијата за датум за одржување на првите меѓувладини конференции со Албанија и Македонија поради ветото на Софија за Скопје. “Датумите ќе бидат вклучени во самите преговарачки рамки кога тие ќе бидат усвоени“, објаснуваат европските дипломати. Затоа и нема многу надеж дека до крајот на годината ќе се одржи меѓувладината конференција. Бугарија на денешниот амбасадорски состанок повторила дека нема да даде зелено светло за Македонија на министерскиот состанок на 8 декември. Земјите на ЕУ кои важат за поддржувачи на проширувањето, сепак сметаат дека крајните заклучоци треба да бидат поспецифични ,дури иако не се вклучи никаков датум. “Консултациите продолжуваат на оваа тема, велат од Советот на ЕУ“.

Амбасадорите треба повторно да се состанат во среда. Во меѓувреме Софија и Скопје да усогласат на патоказ за спроведување на Договорот за добрососедство , кој нема да влезе во Преговарачката рамка, но сепак ќе биде дел од евроинтеграциите, за што не се откриваат детали.

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This