Џамбаски најави вeто за Србија?: Зад секоја желба за влез во ЕУ се крие одредена цена

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, побара од српскиот премиер Ивица Дачиќ појаснување за неговата изјава дека Бугарија извршила фашистички злосторства во Македонија, како осуда за, како што пишува тој, анти-човечките злосторства извршени врз народите на поробена Југославија, порачувајќи му дека зад секоја желба за влез во ЕУ се крие одредена цена

„За време на дебатата за Западен Балкан во Комитетот за надворешни работи на ЕП, му се обратив и на Ивица Дачиќ, кој беше долгогодишен сојузник и портпарол на осудениот диктатор Слободан Милошевиќ. Побарав одговори за него во врска со интервјуто во кое тој изјави дека Бугарија извршила „фашистички злосторства“ во Македонија. Затоа што историската вистина е дека Бугарите во Македонија беа пречекани како ослободители. И, дали е правилно господинот Дачиќ да одговори на прашањата за кого е кренато Тиквешкото востание и кога Србија ќе ги отвори досиејата на УДБА и ОЗНА? Република Србија исто така мора да наведе кога ќе ги осуди анти-човечките злосторства извршени врз народите на поробена Југославија. Затоа што зад секоја желба за влез во ЕУ се крие одредена цена“, вели Џамбаски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This