Џамбаски најави пoдeлбa нa Maкедонија: Aко пpoдолжи вaкa, Скопje можеби ќе тpeба да биpa меѓу Голema Албaниja и Голema Бугapија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски по кој знае кој пат ѝ упати отровни стрели на Македонија, овојпат соочувајќи ја со избор меѓу Голема Албанија и Голема Бугарија.

„Луѓето во Северна Македонија некогаш се идентификуваа претежно како Бугари. Сепак, тие беа подложени на пропаганда од стариот режим на Тито во Југославија за да прифатат македонски идентитет. Една од целите на ова е да се ослабат пробугарските расположенија во регионот, бидејќи луѓето пред создавањето на Југославија сакаа да се обединат со Бугарија.

Ако напишаното е од Бугарин, во сегашната РСМ ќе речат: ‘Националистички глупости!’. Ако е напишано од македонски државјанин, тоа би било мал удар за македонизмот и за српското влијание во земјата. Но, тоа не е дело на Бугарин или ‘Македонец’, туку на автор од вебстраница што нема никаква врска со обете држави. И е препечатено во Грција.

Историските факти утврдени во овој напис ја отсликуваат апсолутната вистина и ги поддржуваат нашите аргументи за ‘ветото’ на Македонија, кои наводно биле неразбирливи за остатокот од Европа. Ете, и тоа не е случај. Ви препорачувам да го прочитате текстот, нема да губите време. Ќе се задржам само на 2 важни тези што вреди да се слушнат, особено кога авторот нема страна во т.н. конфликт:

I. Опсесијата на Скопје со пропагандата од југословенската ера придонесе за внатрешен колапс на земјата.

II. Грците секогаш го предупредувале Скопје дека давањето приоритет на историскиот ревизионизам против Бугарија ги одвлекува од реалната закана – распаѓањето на нивната земја од албанските сепаратисти. Со оглед на тоа што Скопје инсистира да тврди дека нивниот јазик не е бугарски дијалект и оти историските херои како Цар Самоил всушност биле македонски, а не бугарски, Албанците ја зголемуваат својата политичка моќ таму.
Ако продолжи вака, Скопје можеби ќе треба да го направи тешкиот избор помеѓу Голема Албанија и Голема Бугарија“, заклучува потпретседателот на ВМРО на вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов.

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This