April 27, 2024, 11:29 pm

Џеки Чен за својата бурна младост: Потрошив цело богатство на жената „број 9“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Славниот актер Џеки Чен открива како незрелоста и несигурноста во младите денови влијаеле на него. Му се случувало да пие и да вози и во ист ден да направи сообраќајка со два луксузни автомобили. Се прослави со филмот „Гас до даска“, а тогаш почнал да троши многу на коцкање и на проститутки, поточно на една, онаа која ја знаел само како „број 9“, пишува „Контакт Мјузик“.

-Сите знаевме, ако тргне нешто на лошо, нема да го доживееме сонцето следниот ден. Живеевме брзо и трошевме неодговорно пари, пишува Џеки Чен во својата автобиографија.

Тој раскажува како секогаш носел многу пари, бидејќи сакал да го чести своето друштво.

https://www.instagram.com/p/BqzvrtihHap/?utm_source=ig_embed

-Секој оброк ми беше со големо друштво, па така пред десет дена потрошив повеќе од еден милион евра за туѓо јадење.

Освен тоа сакал да купува и скапи подароци.

-Сакав да подарувам и екстравагантни подароци: часовници, автомобили, кожни јакни изработени по нарачка, скапи вина, пишува „24 часа.хр“.

https://www.instagram.com/p/Bk87FwHgf4W/?utm_source=ig_embed

Тој признава дека многу лошо ги третирал жените. Својата сопруга Џоан Лин ја изневерил, а кога била бремена бил убеден дека со него е само поради пари, па смислил како да го сокрие богатството од неа.

Од својата кратка афера со актерката и азијска мисица Елаин Нг Ји ја доби ќерката Ета НГ која пред само неколку дена се венча со дванаесет години постарата девојка.

Извор:вистина.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This