ЏИП УДРИ ВО ТИНЕЈЏЕРИ: Тешко повредени двајца тинејџери, откако „Туарег“ удрил во нив

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Синоќа во 20.10 часот на регионалниот пат Куманово- Липково патничко возило „Фолксваген Туарег“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Џ.А.(51) од с.Липково, удрило во запрежно возило во кое бил А.М. (17) од с.Лопате, Кумановско и 14-годишник од с.Слупчане, општина Липково. Од ударот со повреди се здобиле двете лица од запрежното возило.

Тие биле пренесени во Ургентен центар Куманово. Кај А.М. биле констатирани телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување, додека кај 14-годишникот биле констатирани тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош бил префрлен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This