100% ПОКАЧУВАЊЕ НА ПАРКИНГ УСЛУГИТЕ ВО ГРАД СКОПЈЕ ЗА ВРЕМЕ НА ЕНЕРМНО ЗАГАДУВАЊЕ: Шилегов дупло ќе наплаќа за паркинг кога ќе биде загадено

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За 100 проценти ќе се зголеми цената на паркингот во Градот Скопје, во денови кога загаденоста е неколку пати поголема од дозволената.

За одлуката која вчера била донесена, од градските власти велат дека е во насока на намалување на аерозагадувањето, односно дестимулирање на граѓаните, за да не користат автомобили во денови кога во градот има енормно загадување, и за таа цел да користат алтернативни начини на превоз.

На седницата на Советот на Град Скопје, владеачкото мнозинство на СДСМ го изгласа предлогот на градоначалникот Шилегов со кој се овозможува дуплирање на цената на паркинг услугите во градско подарачје во време на енормна загаденост во последователни два дена.

Дискутабилен е начинот на кој се утврдува енормна загаденост и параметрите по кои се констатира. Оваа година веќе имавме некоку последователни денови кога мерните станици укажуваа на тројно или пет пати над дозволеното загадување, а состојба на енормно загадување не беше прогласена.

Сепак тоа не ги спречи СДСМ да го донесат поскапувањето на паркинг услугата, правдајќи се дека тоа ќе придонело граѓаните да го користат јавниот превоз.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This