January 19, 2022, 8:17 am

100.000 руски војници на само 250 километри од Украина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Извештаи дека Русите поместуваат воена техника на околу 250 километри од Украинската граница го загрижува Вашингтон, истовремено, украинските сили на борбените линии со про-руските сепаратисти распоредуваат воени дронови, пренесуваат од ЦНН.

На објавените сателитски слики, може да се види руска воена техника, вклучувајки самоодна артелерија, борбени тенкови и пешадиски возила на околу 250 киломтери од границата.

Во изјава за медиумите, украинското Министерство за Одбрана соопшти дека нема забележано ново или дополнителено поместување на Руски воен персонал, оружје или воена опрема на границата со Украина, но, дека релативно блиску до границата како и во Црното море, се стационирани повеќе од 90.000 припадници на руската армија и дека истите служат за одржување на тензијата во регионот и за притисок врз соседните држави.

Адмиралот Џон Кирби во име на Пентагон вели дека се свесни за невообичаеното руско воено распоредување во близина на Украина и дека САД одблиску набљудуваат.
„Не можам да зборувам за руските намери, но ние одблиску го набљудуваме регионот, како што и секогаш правиме. Било какви ескалаторни или агресивни постапки многу ќе не загрижат“, вели тој.

„Поместувањето на нашата воена опрема и армиски единици на територијата на Руската Федераџија е исклучиво наш бизнис. Русија никогаш не се заканувале на никого и не планираме да претставуваме закана за билокого.“, изјави за медиумите Дмитри Песков, портпарол на Кремлин.

Фронтот во сепаратистичкиот украински регион не се има поместено веќе со години. Конфликтот, барем засега е условно кажано „пасивен“. Зголемени тензии последен пат имаше оваа пролет, кога руски воени сили дојдоа многу блиску до украинските граници, но, подоцна се вратија назад.

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This