16 ГОДИНИ ОД АТЕНТАТОТ НАД ЗОРАН ЃИНЃИЌ: Брнабиќ положи венец на местото на aтeнтaтoт на некогашниот српски премиер

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На денот кога пред 16 години пред влезот на Владата е yбиeн тогашниот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ во Белград власта и опозицијата одвоено полагаат венци и организираат меморијални шетања во негова чест.

Членовите на српската Влада, предводени од премиерката Ана Брнабиќ, положија венец под плочата на влезот на Владата каде што беше yбиeн премиерот Зоран Ѓинѓиќ.

Од друга страна, претставниците на Демократската партија (ДС) на Ѓинѓиќ, почитувачите и пријателите, положија венец и цвеќиња на гробот на yбиениот премиер во Алејата на заслужни граѓани на Новите гробишта во Белград.

– Ова не треба да се сфати како негување на култот на личноста, туку како желба да се негува и почитува политичкото наследство на Зоран Ѓинѓиќ и да се зачуваат политичките идеи и филозофија што тој ги спроведе во Србија, изјави лидерот на ДС, Зоран Лутовац.

Тој порача дека претставниците на ДС, точно во време на yбиcтвото на Ѓинѓиќ – во 12часот и 20 минути положија венци на местото каде беше извршен aтeнтaтoт, во дворот на Владата на Србија.

Зоран Ѓинѓиќ беше yбиeн на 12 март 2003 година во дворот на зградата на Владата, а за негово yбиcтво на 40 години затвop ocyден е офицерот на Единицата за специјални операции (ЈСО) на Одделот за државна безбедност, Звездан Јовановиќ, а со истата казна за организирање на yбиcтвото ocyден е и командантот на ЈСО, Милорад Улемек-Легија.

Политичката позадина на yбиcтвото на Ѓинѓиќ досега не е откриена.

Ѓинѓиќ беше првиот српски премиер по падот на режимот на Слободан Милошевиќ во 2000 година и доаѓањето на власт на Демократската опозиција на Србија (ДОС) и за време на неговиот мандат започна процесот на демократизација на општеството и на коренити економски и социјални реформи.

Владата на Ѓинѓиќ силно се залагаше за соработка со Трибуналот за воени злосторства во Хаг и за време на неговата влада беа yaпcени и на овој cyд му беа испратени неколку обвинети, меѓу кои и поранешниот претседател на Србија и на СРЈугославија, Слободан Милошевиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This