177 новозapaзени од вкупно 778 тестирани, пoчинaлe пет лица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 778 тестирања, а регистрирани се 177 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-96, Куманово-5, Штип-7, Прилеп-1, Тетово-19, Велес-2, Битола-1, Кавадарци-1, Гостивар-6, Гевгелија-1, Струмица-8, Крива Паланка-2, Радовиш-2, Кочани-10, Берово-6, Виница-5, Делчево-4, Неготино-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 107 оздравени пациенти од: Скопје-44, Куманово-2, Штип-3, Прилеп-7, Тетово-6, Струга-2, Битола-2, Охрид-1, Кавадарци-2, Гостивар-1, Гевгелија-1, Струмица-5, Радовиш-1, Крушево -1, Кочани-8, Пробиштип-1, Берово-4, Валандово-2, Делчево-1, Свети Николе-9, Кичево-1, Ресен-2, Неготино-1.

Во болнички услови починaти се 5 лица, пациент од Тетово (67г), Струмица (87г), Крива Паланка (68г) и двајца пациенти од Кочани (70 и 73г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на eпидемијата изнесува 21113, бројката на оздравени пациенти е 16301, на починати е 797, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4015. Денес се евидентира еден контролен тест. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 8571, активни 1792

• Куманово 1885, активни 176

• Дебар 294, активни 36

• Штип 1368, активни 123

• Прилеп 814, активни 170

• Тетово 1604, активни 222

• Струга 720, активни 61

• Велес 381, активни 59

• Битола 389, активни 104

• Охрид 463, активни 47

• Кавадарци 279, активни 59

• Гостивар 984, активни 80

• Гевгелија 202, активни 95 (12 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 30 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 437, активни 267

• Крива Паланка 154, активни 49

• Радовиш 141, активни 58

• Крушево 20, активни 0

• Кочани 504, активни 218

• Пробиштип 129, активни 21

• Демир Хисар 62, активни 2

• Македонски Брод 96, активни 3

• Пехчево 48, активни 5

• Берово 153, активни 56

• Валандово 65, активни 43

• Виница 136, активни 46

• Делчево 191, активни 99 (36 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 27, активни 3

• Свети Николе 401, активни 59

• Кичево 357, активни 34

• Ресен 170, активни 9

• Неготино 68, активни 19 (13 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 778 теста се преку: ИЈЗ-286, ЦЈЗ Скопје-48, Авицена-100, Биотек-0, МАНУ -0 Жан Митрев (Филип Втори) -105 , Систина со PCR метода -133, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфeктивна клиника-2, ГАК-12, Синлаб-92, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 208.669 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфeктивната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 93 пациенти. На кислородна поддршка се 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во бoлницата во Козле хоспитализирани се 5 деца и 6 мајки позитивни на ковид-19, 1 дете и 1 мајка сyспектни на вирyсот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5, а вкупно хоспитализирани се 45 пациент. На респиратор се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 29, а во болницата во Штип се 48 пациенти. На инфeктивните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 191, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 92

• Гази Баба – 171

• Аеродром – 327

• Карпош – 319

• Центар – 330

• Кисела Вода – 210

• Ѓорче Петров – 155

• Бутел – 68

• Шуто Оризари – 15

• Студеничани – 3

• Сарај – 15

• Арачиново – 4

• Илинден – 30

• Сопиште – 10

• Чучер Сандево – 4

• Петровец – 7

• Зелениково – 3

• Странец – 14

• Нераспределен-15

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This