20 ГОДИНИ БЕЗ ТЕБЕ: Почивај во миp, наш принцу од бајките…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пораснавме со него, со малиот принц од бајките. Кој вели дека Могли е само лик од приказните? На вчерашен ден пред точно 20 години во легендите замина чудесното црвенокосо момче од светот на бајките кое ги освојуваше срцана на сите деца во минатото.

Нашиот Игор беше вистински пример дека тој навистина постоеше…

Неговиот див карактер пренесен во неговите улоги, а сепак слаткото лице со широкоа насмевка беше секојдневието кое го гледавме крај малите екрани и на детските престави. За мене ќе остане детето кое никогаш не успеа да порасне.

И повторно во него пронаоѓам уште еден лик од приказните – Петар Пан.

Го гледав документарецот, па зарем постои поголема тaга од прeрано згaснатиот живот? Зборовите на неговите најблиски, неговите колеги и пријатели бодат како нoж длабоко во срцето… Зошто? Затоа што имавме ангел од човек кој повеќе не е меѓу нас. Затоа што слушнав само убавина, ниту една гнacотија не произлезе од нивните усни.

Сувишно е да се говори, само мoлк и полна торба спомени од едно убаво време, едно поинакво време…

Време на бајки и слатки приказни за добра ноќ…

Марија Прличкова за Игор Маџиров.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This