224 санкционирани возачи во Скопје, 48 под дејство на алкохол

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.12.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 224 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 72 санкции, 48 мерки за возење под дејство на алкохол, 26 санкции за возење без возачка дозвола.

Изречени се осум мерки за нерегистрирани возила, шест за користење мобилен телефон, 11 за возач почетник.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, посочуваат од МВР.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This