(Видео) Пренџов: Четири милијарди плаќаме даноци секоја година, а сѐ се гради на кредит

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот Љупчо Пренџов од ГРОМ во своето гостување во „Неделен брифинг“ со Сотир Костов на Инфомакс, зборуваше за економијата која заадна во длабока криза поради пандемијата, но и поради неажурноста на власта и неефикасните и ненавремени мерки кои беа донесени.

„Стопанството за жал е на апарати“, потенцираше Пренџов, додавајќи дека во поглед на петтиот пакет, односно пред да се изгласа петиот пакет, власта имаше проблем со околу 25 000 граѓани кое не можеа да ги добијат средствата од четвриот пакет што предизвика повторување на постапката што ги чинеше граѓаните пари.

„Во поглед на петиот пакет сакам да истакнам дека прво, тој се донесе на иницијатива на опозицијата. Потоа кога велеа дека не може да ова да се гласа само петти пакет на пратенички прашање, увидоа дека може да се случи тоа и е уште една голема победа на граѓаните затоа што првото читање помина во рамки на Собранието во денот кога имаше пратенички прашања и беше инициран од страна на опозицијата“

Пренџов потенцираше дека Македонија, за време на целата економска криза обезбеди најмала помош за стопанството во споредба со другите европски земји. Дури и Косово, која формално правно не е држава оддвои повеќе пари од својот буџет за својата економија. Тој потсети дека првите пари од буџетот беа издвоени дури во јуни, иако пандемијата беше прогласена уште во март, а ова доцнење предизвика голем економски пад и ја доведе земјата во рецесија.

„Велат дека помогнале милијарда и сто пеесет милиони до сега на стопанството, а самиот вицепремиер за економски прашања Бетиќи изјави дека само 350 милиони помогнале, одност само 3% од БДП“, подвлече Пренџов.

Пренџов откри дека во новиот буџет власта направи фијаско со тоа што има предвидено само 4,1 % раст раст на економија, а 4,8% проценти со што во старт има проблем со буџетот. Притоа има огромни задолжувања, милијарди се в прашање, а  никој не знае каде одат тие пари.

„Странците ќе ни дадат вакцини, респиратори, ама економијата никој нема да ни ја регенира и развие. Оваа власт окако е дојдена само се задолжува. Ние во Собранието се спремаме на големо за локални избори. Ние имаме во Собрание во 20 дена на пет седници шест задолжувања. Прво имаме зголемено ДДВ за општините. Имаше добар закон во минатото со кој им беше забрането да општините да се задолжуваат за повеќе од 30% просект во последните три години, тоа сега е зголемено на 50%. Значи од кај државата ја задолжија, јавните претпријатија ги задолжија, сега со овој закон ги задолжуваат и општините. Сега прават реформи за енергетска ефикасност на општините, 25 милиони кредит, прават реформи во основно образование, 21,5 милиони кредит. Бидејќи Скопје е кремот, црешата на шлагот, земаме кредит од 70 милиони евра да му направиме брз превоз на градоначалникот. Ние немаме ден во Собранието, а да не се задожиме. Вчера во Собрание стаса ново задолжување, 46 милиони евра за земјоделието.

Пренџов подвлече дека граѓаните плаќаат по четири милијарди во просек даноци во оваа држава, а секоја реформа во оваа држава ја правиме со кредит. Ова е многу опасна работа , ние имаме работа со многу нестрчни луѓе и ние допрва ќе имаме проблеми во економијата.

Гостувањето на Пренџов во Неделен брифинг на Инфомакс можете да го проследите ТУКА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This