April 27, 2024, 12:01 pm

3aвpши зaд peшeтки: Лицe oд Apaчинoвo ocoмничeнo зa нeдoзвoлeнo пoceдyвaњe дpoгa и myнициja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Против 21-годишен жител на Арачиново Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка за кривични дела – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи по член 396 став 1 од Кривичниот законик.

При претрес во семејната викенд куќа, во атарот на селото Арачиново, на 9 февруари, било утврдено дека осомничениот неовластено за продажба држел наркотична дрога – марихуана спакувана во четири полиетиленски паковки со вкупна нето маса од 281,12 грама и хашиш во вкупна нето маса од 80,75 грама. Притоа била пронајдена и смеса со маса од околу 1,5 килограми, за која со дополнително вештачење било утврдено дека не претставува наркотична дрога, туку е мешавина од кофеин и парацетамол која се користи за зголемување на масата на наркотичната дрога наменета за продажба.

Полициските службеници кај осомничениот пронашле и муниција – 8 куршуми со калибар 9 мм наменети за огнено оружје – полуавтоматски пиштол.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапа од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, ценејќи дека постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и можност да го повтори кривичното дело. Судијата со решение на осомничениот му определи мерка куќен притвор и привремено одземање на патната исправа.​​

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This