Зоран Заев денеска по завршување на судско рочиште во изјава за медиуми ги коментираше и настаните во СДСМ, особено превирањата што таму се случуваат, но и се во најава за избор на нов претседател, како главен претендет да го замени него како лидер е Бојан Јованоски – Боки 13, осуден во случајот „Рекет“ , кој пак кажа дека парите од „Рекет“ кој што тој ги носел завршиле кај Зоран и Вице Заев.
Во однос на кандидатурата на Бојан Јовановски, Заев кажа:
-Прво треба да си направи реевиденција да биде член, после тоа да има најмалку 5 години членство во СДСМ, не знам дали го ажурирал членството.
Заев продолжи и рече дека Бојан Јовановски е таков каков што е, и го знаеле сите, но жали што наседнале луѓе на неговиот карактер.