3aeв нajaвyвa лидepcка cpeдбa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Две опции за надминување на опозициските блокади во парламентот спомна денеска премиерот Зоран Заев посочувајќи дека работата на законодавниот дом, најчесто, се кочи со поднесување илјадници амандмани на одредени закони и во комисиите со кои раководат пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

Еден начин за деблокада, според него, е да помогнат медиумите, така што објективно ќе ги изнесат причините за блокадите во законодавниот дом.

Очекувам медиумите да ги изнесат вистинските причини за блокадата. Дека никој не добива ништо со тоа што се кочи донесувањето на законите за трамвајот во Скопје или за енергетска ефикасност, како и на неколку закони од областа на економијата. Тоа е само на штета на граѓаните и на економијата во земјава – оцени Заев.

Тој рече дека другиот начин дијалог со политичките чинители во законодавниот дом.

Ако треба ќе свикам лидерска средба со опозициските партии, посебни или заедничка средба со лидерите. Ова што се случува навистина нема крај. Затоа што албанската опозиција поднела амандмани на закон на ВМРО-ДПМНЕ, сега оваа опозициска партија возвраќа со илјадници амандмани на закон на Алијансата – рече Заев, посочувајќи на законот за добивање државјанство што го поднесе АА, а ВМРО-ДПМНЕ го блокира со амандмани.

Во однос на законот за државјанство, Заев посочи дека треба да се регулираат процедурите за добивање државјанство, ама дека тоа треба да биде во согласност со европската пракса, а не со сведоци. Со сведоци, додаде, се оди пред матичар.

За изборите рече дека очекува дека ќе се одржат со идентификација на гласачите преку отпечаток од прст, а за наводите на ВМРО-ДПМНЕ дека владејачките партии барале враќање на УВ – ламбата и на спрејот посочи дека тоа се однесувало на ридско-планински места и во ситуации кога нема интернет.

Досега имавме избори без отпечаток од прст и тие беа легални. Се надевам дека претстојните избори ќе бидат со фингерпринт и сакаме да се спроведе тоа, но треба да се има предвид дека Изборниот законик се менува со консензус – најмалку меѓу партиите што имаат свои членови во ДИК. Таа дилема треба да ја разјаснат работните групи за Изборниот законик, а јас се надевам на успешни избори во октомври со отпечаток од прст, со што ќе се зголеми довербата во изборните резултати – рече Заев.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This