(Видео) 3aeв: Ќе се отcтpaнyвaaт сите yчeбници со coдржини што навpeдуваат или се нecooдветни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Секаде каде што има содржини кои навредуваат, повредуваат или не се соодветни, треба да ги отстраниме и ќе ги отстрануваме, рече премиерот Зоран Заев во врска со учебникот Географија за втора година средно образование кој ќе биде повлечен по реакциите дека има содржини навредливи за Албанците.

-Добив информација од Министерството за образование и наука за промена на учебниците што се подготвува за следната учебна година, ќе биде променет и учебникот по Географија, кој постои од 2002 или 2006, но проблемот првпат е увиден во 2018 година и доаѓа за промена токму сега, рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања.
Министерката за образование и наука Мила Царовска и нејзиниот претходник Арбер Адеми, вчера на работен состанок со првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби разговарале за концептот на реформи во образованието и за Законот за учебници за основно и средно образование.

Како што информираше Кабинетот на Груби, тие се согласиле дека според Законот за учебници, сите неправилности и неправди во сите учебници треба да бидат прегледани и исправени, почнувајќи веднаш од овој учебник по географија. Кај него, како и со другите учебници, ќе се примени членот 26 став 2 од Законот за учебници, според кој „учебниците се повлекуваат од употреба доколку содржат материјали што ја навредуваат историјата, културата и вредностите на сите граѓани на Република Северна Македонија“.

Повлекување од наставата на учебникот Географија на Република Македонија за втора година – реформирана гимназија со допис до МОН побарал Младинскиот форум на Алијанса за Албанците. Во писмото било наведено дека делови во учебникот се навредливи кон културата, историјата и другите вредности на Албанците во земјава, дека се ксенофобични и придонесуваат за стигматизација и охрабрување на говорот на омраза кон Албанците.

Обраќања на премиерот Заев и градоначалникот Шилегов за уредување на кејот ,,13 Ноември”

Posted by MИА.mk on Friday, February 19, 2021

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This