3akaни за cмpt упатени до српскиот претседател Алekcандар Bучиќ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На социјалната мрежа Фејсбук упатена е закана за смрт на претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Заканите кон Вучиќ се упатени од лице кое на Фејсбук се претставува како Мирјана Марковиќ, и напишала „Смрт за Александар Вучиќ, слобода за народот“.

Во една од пораките со кои му се заканува на претседателот на Србија, таа наведува: „Исечете го претседателот на Србија на коцки – (лајк), како шницли“, јави Танјуг.

Објавите на тоа лице им се допаднале и на други корисници на таа социјална мрежа, а во некои од коментарите били упатени закани за смрт до Вучиќ и од други лица.

Членот на Главниот одбор на СНС, Ивана Томиќ Илиќ, ги осуди заканите и рече дека мора да се запре политиката на омраза, закани и ширење страв и ги повика властите да реагираат, пренесуваат српските медиуми.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This