КРИМИНАЛЦИТЕ ПРИВИЛЕГИРАНИ ОД СТРАНА НА СДС: Спасовски започна со елиминација на инспектори и началници кои водеа предмети против криминалците на СДС!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според информациите до кои дојде Инфомакс од извори во МВР, првата „реформа“ на СДС во МВР ќе биде правење на список и елиминација на сите полициски службеници кои работеле на предметите против криминалците блиски до Заев.

Засега, први на удар се началниците и инспекторите во организиран криминал, кои ги реализираа акциите за разоткирвање и приведување на Захир Бекир Чуш, Сеад Рахиќ – Сетко, Хаџибулиќ и останатата криминална клика во СДС.

Освен командниот кадар во полициските структури, се најавуваат и смени во единицата „Алфа“ но и во специјалните единици на Министерството за внатрешни работи. И тука, како и во случајот со командните и инспекциските структури, први на удар ќе бидат лица кои учествувале во спроведување на акциите за разоткривање и приведување на гореспоменатите криминалци.

Ваквата пракса на СДС е добро позната за постарата генерација полицајци и службеници во МВР, кои сведочеа на реваншизмот, селективноста и политички мотивираната деградација на професионалци во министерството, кои претходно согласно законот воделе предмети против криминалци кои по некоја случајност биле и блиски до раководните структури на СДС и Бранко Црвенковски.

Истото сценарио се случува и денес.

Криминалците блиски до Заев го очекуваат исполнувањето на ветувањето за време на предизборната кампања, дека ќе добијат максимална заштита од страна на нивниот министер, се додека работат во корист на партијата, без разлика дали е тоана штета на граѓаните. Оттаму потекнуваа и предупредувањата дека Македонија за брзо ќе се претвори во криминална држава, доколку СДС добие можност да го води МВР.

Врската на СДСМ со криминалното подземје не е некоја новина за граѓаните, имено јавноста беше сведок на голем број криминалци кои во изминатиов период пред СДСМ да ја превзеде власта завршија зад решетки поради шверц и трговија со дрога, пишува порталот „Журнал“ од каде додаваат дека –  очигледно врската со криминалното подземје СДСМ ја оддржува и по превземањето на власта, па така високи претставници на СДСМ можеме да ги видиме во често друштво на  Леко Муртезани, како Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи и донеодамна генерален секретар на СДСМ, Мухамед Зекири, кој е врска на СДСМ со повеќе криминални структури од регионот и Љупчо Николовски, министерот за земјоделство.

Инаку Леко Муртезани е човек со дебело криминално досие, во 2001 година има одлежано 6 месеци затвор за извршено кривично дело тешка кражба, во 2003 година е осуден на казна затвор од 6 месеци, условена 2 години, во 2004 година осуден е на 1 година затвор со 3 години условно и во 2011 година е осуден на 7 години затвор – пишува „Журнал“.

Мухамед Зекири, кој во изминатиов период имаше за задача да ги врзе за СДСМ радикалните албански гласови и да биде врска со криминални структури од Косово, неодамна беше во друштво со браќата Геци во посета кај Зијадин Села, кои според ЕУЛЕКС се прогласени за виновни за воено злосторство против цивилното население, поради убиството на Гани Бериша извршено на 18-ти јуни 1999 година во медицинскиот центар во Скендерај / Србица.

Леко Муртезани, не е единствен криминоген лик во друштво на Спасовски. Оливер Спасовски беше често фотографиран и со Ердован Џафероски, кој се обиде да го убие лицето С.З. (29) пукајќи кон него со огнено оружје, после тепачката меѓу две фамилии во селото Св. Петка и беше чест посетител на настаните на СДСМ и шарената револуциј – пренесува „Журнал“.
Во често друштво со врвот на СДСМ беше и Сеад Рахиќ – Сетко, кој беше уапсен во акција на полицијата во февруари оваа година за трговија со дрога. Во акција на полицијата во март беше сузбиена и криминална група од Арачиново за трговија со дрога меѓу уапсените тогаш беше и братот на Претседателот на ОО СДСМ во Арачиново, лице кое е во блиски релации со Заев и Зијадин Села и за кое медиумите пишуваа дека е една од врските помеѓу двајцата. – пишува „Журнал“.

Во март оваа година полицијата уапси и сузби криминална структура од с.Орди, тетовско, за трговија со дрога, лица кои беа во блиска соработка со Петре Шилегов, за време на изборите. Во акцијата во тетовско беа уапсени Сами.Ф, заедно со Ферит.И и Мендух. А.


Лица припадници на криминалното подземје не само што се пријатели и први соработници на Заев, туку истите од него добиваат и врвни партиски функции, таков е примерот со браќата близнаци од Ѓорче Петров, Даниел и Дејан Трајковски. Имено Дејан Трајковски е осудуван за казна затвор во висина од 5 години и 2 месеци и сега моментално е во бегство за обид за убиство. Истиот е член на ОО нна СДСМ во Ѓорче Петров и за време на изборите во 2014 беше личен шофер на Петре Шилегов – стои во текстот на „Журнал“

Даниел пак во јавноста се „прослави“ како човек што бараше рекет и го уценуваше скопскиот бизнисмен Орце Камчев и бившиот директор на УБК, Сашо Мијалков. Двајцата браќа заедно имаат 21 ривична пријава – додаваат од „Журнал“.


Дел од луѓето со дебело криминално досие и со силни врски со СДСМ е и Харун Хаџибулиќ, кој е познат припадник на скопското криминално подземје и е осудуван за насилство и наркотични деликти, а по него беше распишана и потерница за помагање во убистото на Мирсад Криешторац кај Универзалната сала во Скопје во 2010 година, за од неодамна да биде составен дел од економскиот тим во новата Влада на Заев.

Извор:
Журнал.нет

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This