April 26, 2024, 10:36 am

Воспитна од ММФ: Само Косово има поголема сива економија од нас

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според податоците на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), учеството на сивата економија во бруто домашниот производ на Македонија изнесува 37,6 %, а поголема сива економија има само Косово со учество од 38,3 проценти. Ова се последните проценки на монетраците, а кои се однесуват на 2019 година и кои покажуваат дека и во однос на претходните година „сивата зона“ во државава многу не се разликувала. Информациите што ги прикажаа од 2000-тата година до предминатата, покажуваат дека најниско ниво на сива економија за Македонија е проценето во 2007 година од 37 проценти, а највисоко во 2012 година од 38 проценти.

Од статистиката на ММФ може да се види дека најниско ниво на сива економија има во Австрија – 9,4 проценти, а на слично ниво, односно 9,6 проценти е сивата економија на Швајцарија и на Луксембург. Од државите на поранешна Југославија, Црна Гора е веднаш зад нас со сива економија од 37,5%. Босна и Херцеговина има сива економија од 35,4%, Србија – 33,5%, Хрватска – 34,2% (највиск процент на земја членка во ЕУ) и Словенија има сива економија од 27,7 %. Просекот во ЕУ е 22,9%.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This