Полицијата продолжува да функционира како соучесник во изборниот криминал кој го прави СДСМ.
Имено, во Зрновци денес на разговор е повикан активист и член на ВМРО-ДПМНЕ.
В.Ѓ. е држен во полициска станица, а причината за тоа не е позната.
Ова не е изолиран случај. Веќе поминува во пракса членови на ВМРО-ДПМНЕ да се повикуваат без причина на информативен разговор.
Врз нив се врши притисок да не излегуваат на гласање. Членови на ВМРО-ДПМНЕ низ цела Македонија се мета на уцени и закани од страна на активисти и функционери на СДСМ со поддршка на полицијата.