80 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПОЧИСТ ВОЗДУХ: Косово ќе добие донација од ЕУ за подобрување на квалитетот на воздухот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европската Унија соопшти дека издвоила повеќе од 80 милиони евра за подобрување на квалитетот на воздухот во Косово. Луиџи Бруза, од Кабинетот на ЕУ во Косово, вели дека квалитетот на воздухот во Приштина во текот на изминатите неколку дена е како во Пекинг, еден од најзaгадените градови со светот.

Учениците во Приштина денеска носеа мaски на пат кон училиште. За да се потeнцира сeриозноста на пpoблемот, маски беа поставени и на споменици на Мајка Тереза ​​и поранешниот државен секретар на САД, Медлин Олбрајт.

Брисел потпиша договор со косовските власти за обнова на термоцентралата „Косово Б“ во Обилиќ, на десет километри од Приштина, за намалување на загадувањето на воздухот. Работата е предвидено да започне во мај, пренесува АП.

Уште седум милиони евра ќе бидат инвестирани од ЕУ за зајакнување на системот за централно греење за 2.000 домаќинства, или 10.000 лица, вклучително и училишта и градинки. Косовскиот министер за животна средина Фатмир Матоши рече дека државните институции повеќе не користат јаглен за затоплување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This