9 ГОДИНИ ОД ТРАГИЧНАТА НЕСРЕЌА НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО: На денешен ден потона бродот „Илинден“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска се навршуваат девет години од трагедијата на Охридското Езеро кога при потонувањето на бродот „Илинден“ животот го загубија 15 лица, туристи од соседна Бугарија.

Како и секоја година делегации на Општина Охрид, на Амбасадата на Република Бугарија, претставници на Здружението на граѓани „5-ти септември” од Охрид, на ротари-клубот од Охрид и граѓани со цвеќе на споменикот поставен на Кејот на Охридското Езеро се сеќаваат на жртвите од несреќата.

Несреќата се случи на 5 септември 2009 година, во 10:30 часот, кога потона бродот „Илинден“ што со 57 патници сообраќаше на релација од Охрид за Свети Наум. Тоа саботно утро времето беше исклучително топло, езерото мирно, ништо не навестуваше дека ќе се случи најголемата бродска несреќа во историјата на пловидбата на Охридското Езеро. „Илинден“ се преврте и потона на околу 250 метри оддалеченост од брегот на езерото, кај автокампот „Елешец“.

Осум од жртвите беа жители на општина Антон, четворица од општина Пирдоп и по еден од општините Златица, Мирково и Рибарица.

Бродот „Илинден“ две седмици после несреќата поточно на 19 септември беше извлечен на површината на Охридското Езеро. Истиот ден бродот беше одвлечен до каналот Студенчишта, каде по спроведената истрага за неговата техничка исправност се наоѓа и денеска, како нем сведок на трагедијата што однесе 15 човечки животи.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This