- Advertisement -
Поранешниот премиер и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски вечерва во 19 часот ќе гостува во дневникот на Телевизија Сител.
Како што објави на својот фејсбук профил, тој ќе даде одговори во врска со нарачаните политички процеси и пресуди.
-Вечер во 19 часот во интервју за дневникот на ТВ Сител ќе ги дадам одговорите во врска со нарачаните политички процеси и пресуди, а секако ќе проговориме и околу актуелната состојба во државата, напиша Груевски на Фејсбук.