- Advertisement -
Коњаниците од паркот „Јане Сандански“ во Аеродром тргнаа за Крушево каде треба да пристигнат на 2 август за прославата која ќе се одржи по повод најголемиот македонски национален празник, Илинден.
Градоначалникот на Општина Аеродром Златко Марин на коњаниците им го предаде знамето.
Покровител на манифестацијата е претседателот Ѓорге Иванов.