Огњановиќ (57) е убиен пред зградата во која живеел, а ранет е неговиот постар син (26) кој во тој момент бил со него.
– Слушнав пукотници и истрчав да видам што се случува. Тоа ни е сосед, има и мало бебе-раскажува вознемирена соседка.
Еден од очевидците раскажува дека по пукањето видел машко облечено во црно, со качкета, како бега од местото на злосторството. Но засега не е познато колкумина учествувале во ликвидацијата, ниту на кој начин стигнале до местото.
Полицијата ги застанува и претресува возилата и документацијата на сите поминувачи.
Огњановиќ беше еден од најпознатите белградски и српски адвокати кои се занимаваше со кривично право.
Застапуваше бројни клиенти обвинети за тешки кривични дела, како пред судовите во Србија така и во судот во Хаг каде беше и дел од правниот тим на Слободан Милошевиќ, сопругата Мира Марковиќ, и многу други познати личности.
Го нарекуваа адвокат на ѓаволот.