ХРИСТИНА ПАНЕВА КАЖА ДЕКА САКА ДА БИДЕ КАКО ШЕЌЕРИНСКА И СИ ДОБИ ГРАНТ: Добитниците на сомнителните пари за “иновации“ почнаа да се фалат на Фејсбук

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Николетина Панева од Свети Николе е уште еден член на СДСМ, кој е награден со грант од Фондот за иновации. На нејзиниот профил на Фејсбук може да се види дека таа активно учествува во Форумот на жени на владејачката партија во Свети Николе.

Нејзината ќерка Христина Панева, која на една фотографија со Радмила Шеќеринска напишала дека сака да биде како неа, е вработена во владата. Панева е само уште еден доказ дека 80-те грантови од државниот буџет се доделени на партиски подобни фирми на нивни членови.

Додека партиски подобни кадри се фалат со земени пари од буџет за иновативни идеи, некои се жалат дека со години конкурираат во Фондот за иновации, но нивните барања се одбиени. Таков е случајот со Данчо Стефков.

Тој на Фејсбук напиша дека трипати конкурирал, а во Фондот имал интервјуа дури петпати.

Стефков вели дека неговата фирма постои 16 години, како микро претпријатие на пазарот за филмски и видео материјали.

-Во фондот за иновации конкурирав 3 пати, но не добив никаков грант. А целта беше да остварам технолошки напредок и целосно да прејдам во 4К резолуција. Имав најмалку 5 интервјуа од фондот. Можност за отворање 5 работни места. А не барав ни 1/8 од ова што им се доделува на други фирми. На крај “уздај се у се и у своје кљусе,, . Не не бива, епа нема ни да не биде“, напиша  Данчо на Фејсбук.

Директорот на Фондот за иновации, Јован Деспотовски, долгогодишен член на СДСМ, ги повика 79-те компании од првиот инвестициски бран, во рок од 15 дена да се изјаснат дали во својата сопственичка структура имаат лице коешто е носител на јавна функција или член на негово потесно семејство.

Досега од државните пари, односно грантовите се откажаа само две фирми, компанијата на вицепремиерот Кочо Анѓушев и фирмата на пратеникот од СДСМ Хари Локвенец. Цветанка Ласкова, вработена во владата како советник за култура на премиерот Зоран Заев, чија снаа доби 330.000 евра, рече дека таа не е носител на јавна функција и не била запознаена со грантовите.
– Во интерес на јавноста, сакам да потенцирам дека јас како советник за култура во Канцеларијата на премиерот, немам никаков пристап во креирање на економските политики на владата од ниту еден аспект, а најмалку во доделување на државната помош. Јас не сум именуван функционер, туку службеник-советник кој извршува професионални работни задачи исклучиво во областа на културата. Укажувам дека ниту некогаш сум била инволвирана во професионалните ангажмани на членовите на моето семејство, ниту имам намера во иднина да бидам вклучена, ниту пак сум била запознаена со повиците за грантови на Фондот и со одлуките кои комисијата на тој Фонд ги донела. Ги повикувам надлежните институции, да се изјаснат доколку постои какво било нарушување на процедурите или пак конфликт на интерес поврзан со мојот професионален ангажман, напиша Ласкова.

Дека добил грант, односно бил консултант на фирмата што добила грант, се пофали на Фејсбук и членот на СДСМ Никола Мемов.

Грант доби и Весна Кузмановиќ, иако била ангажирана од Фондот да биде консултант да им ги пишува предлог-проектите на другите фирми што аплицирале.

Меѓу фирмите кои добија грант, се најде и фирмата на сопругата на новинарот Горан Михајловски, Искра.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This