Професорот по право и член на президиумот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев веројатно остана последниот човек во Македонија кој се уште верува во правото и правната држава. Апасиев на својот Фејсбук профил напиша дека е уверен дека референдумското прашање поставено вака како што е ќе падне на Уставен суд.
– Референдумското „прашање“ ќе ПАДНЕ на Уставен ;)#ПендаровскиВеЗаеба , напиша Апасиев на својот Фејсбук профил.
Во друг Фејсбук статус тој се дообјасни и истакна дека без указ на претседателот нема Договор, а го напомена и фактот дека се забранети капциозни прашања. Тој вели дека поради стравот на власта од пропаднат референдум како што вели тој направиле грешка во чекор.
–
За да ја сфатите СТАПИЦАТА на референдумското прашање со кое комуњариве сами си се упукаа у двете нозе (и си го кренаа мнозинството од релативно, во апсолутно) – еве ќе се послужам со еден поучен пример од скандал-историјата на Генералниот секретар на Владата. (wink)
Тоа ви е исто како прашањето на референдумот да би гласело: „Дали сте за тоа искуцаниот докторат на Рашковски да го сметаме за одбранет“? 😂
#НамаУказНемаЗаконНемаДоговор
#ЦензусОстануеМнозинствоСеМења
#ЗабранетиСеКапциозниПрашања
#КакоСеЗаебавтеМајкеМи
#УпрпаниСеИПраватГрешкиУЧекори
#Бојкотирам, вели Апасиев на Фејсбук.