Не знаеме точно кој е Бони, а кој е Клајд, но знаеме дека успеаа да го направат најголемиот грабеж во светската историја во кој од македонскиот народ успеа во рок од година дена да го украдат она што на нашите соседи и душмани не им успеало со векови.
Македонските Бони и Клајд од цела една нација успеаа да го украдат македонското име, јазик и идентитет. Тие сега на социјалните мрежи ликуваат со профитот кој го направија од распродажбата на македонските национални интереси, но тоа не ги спречува итрите Македонци да се потсмеваат со нив.