ДЕТАЛИ ЗА ЗЕМЈОТРЕСОТ КОЈ ГО СТРЕСЕ И СКОПЈЕ: И македонската сеизмолошка мрежа го регистрираше силниот земјотрес во Тирана

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, попладнево на 11.8.2018 година во 17 часот и 38 минути регистрирaше земјотрес со Рихтерова магнитуда од 5.0 чиј епицентар се наоѓа 115 км. југозападно од Скопје и се наоѓа во соседна Албанија“. Ова е дел од соопштението што предмалку го испратија од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Оттаму информираат дека „Земјотресот беше почувствуван и на територијата на Република Македонија и тоа најсилно во Дебар околината со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, во Охрид, Струга, Кичево и Гостивар со интензитет од III-IV степени и во Скопје и Тетово со интензитет од III степени според истата скала“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This