Корнелијас Јоханес од Холандија без една нога викендов пливаше на охридскиот маратон, а ова е прв пат лице со инвалидитет да учествува на манифестацијата.
Холанѓанецот, кој ја изгубил ногата во тешка сообраќајна несреќа, покажа дека физичките недостатоци не мoра да бидат препрека за големи подвизи.
– За човек како мене, со протеза, без една нога мора да се вежба секоја недела од четири до осум часа. Во спротивно нема да може да се плива. Ова е многу долга дистанца јас вежбав секој ден на помало растојание. Колку е подолга дистанцата толку повеќе треба да се вежба, вели тој и додава дека животот е убав.