УНИШТЕН ПАРКОТ ВО ЖЕЛЕЗАРА: Масовна сеча на дрвја, се спрема оголување и на другите паркови предупредуваат жителите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По 40 години нега и одржување на дрвата во парковите во скопска Железара, денеска им дојде крајот. Уште рано утрово, жителите ги разбудила бучава од масовна сеча и уништување на паркот. Граѓаните предупредуваат дека се подготвувало оголување и на останатите паркови околу нивните згради.

Како што велат жителите, сечењето на дрвјата било зашто градските власти сакале да прават паркинг за околните станбени објекти, иако простор за паркирање имаат сите згради, како и гаражи за сопствените возила.

Граѓаните видно вознемирени пред камерата на Алфа велат дека вакво ништење на парковите околу зградите каде со години седеле и одмарале, до сега не паметеле. Велат дека освен главниот парк кој до сега бил белите дробови на Железара, се спрема сеча и на останатите околу зградите.

Велат дека доцна синоќа екипи на паркови и зеленило биле на лице место и измериле од каде ќе стартува сечата, а веќе денеска почнале со реализација.

Дел од жителите кои денеска пристигнаа во својата населба, зачудени од глетката, не знаеја што точно се случува, и кој им дал наредба на багеристите да ги оголат парковите.

Оние кои работеа со градежната механизација, барем денеска не сакаа да зборуваат пред камера. Откако нашата екипа дојде да сними што се случува, багерите ги изгасија машините.

Локалните жители бараат надлежните институции да извршат контрола на сечата. Стравуваат дека интензивното сечење околу нивните згради, може да предизвика ерозија со катастрофални последици.

Latest News

The Best Betting Strategies for 55Club

  Bankroll Management One of the most crucial aspects of successful betting is effective bankroll management. Proper bankroll management ensures that...

More Articles Like This