ЌЕ ГИ БРАНИМЕ ГЛАСАЧИТЕ ОД НАДВОРЕШНИ ВЛИЈАНИЈА: Шефот на ДИК ќе ги брани гласачите од референдумската кампања на странските претставници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ДИК ќе реагира по барањето на СМК за исклучување на странските дипломатски претставници, како физички така и правни лица во референдумот и референдумската кампања, но се уште нема дефинирано дали кампањата на Канцеларијата на ЕУ во Скопје е директно вмешана во пропагирање на одговор за претстојниот референдум, изјави за Инфомакс претседателот на ДИК Оливер Дерковски

 

Има механизми со кои што ДИК ќе се брани, и последниов месец успеваме да се одбраниме од сите обиди за притисоци врз државната изборна комисија изјави Дерковски, додавајќи дека притисоците се пред се политички, и доаѓаат и од двете страни и лево и десно.

Тој одби да коментира за кампањата која ја води Канцеларијата на ЕУ „Замисли иднина“, објаснувајќи дека тоа понатаму ќе се утврдува, а доколку има било какво влијание врз гласачите да се реагира веднаш.

Изјава на претседателот на ДИК за референдумската кампања

ДИК ќе реагира по барањето на СМК за исклучување на странските дипломатски претставници, како физички така и правни лица во референдумот и референдумската кампања, но се уште нема дефинирано дали кампањата на Канцеларијата на ЕУ во Скопје е директно вмешана во пропагирање на одговор за претстојниот референдум, изјави за Инфомакс претседателот на ДИК Оливер Дерковски…

Posted by infomax.mk on Tuesday, September 4, 2018

Професорката Гордана Силјановска Давкова пак во своето гостување во Отвореното студио на телевизија Алфа истакна дека учеството на Европската комисија која веќе официјално е дел од кампањата за референдумот, е спротивно на македонските закони.

-Изборниот законик врз основа на кој се води кампањата за референдумот забранува финансирање на изборна кампања од странски извори, вели таа.

Според Силјановска владата на СДСМ прави срамна инверзија кога тврди дека храбри политичари треба да преземат одговорност и сами да носат одлуки во име на граѓаните, наместо да се потпира на мислењето на граѓаните.

Професорката забележува дека тоа е спротивно на европските трендови на непосредна демократија каде политичарите користат поблизок контакт со граѓаните и повисоко ниво на непосредна демократија.

Latest News

Go88 Casino A New Level of Gaming

Gaming has become an integral part of our lives, with technology constantly evolving to provide us with better and...

More Articles Like This