- Advertisement -
Претседателот на Косово Хашим Тачи денес ќе престојува во работна посета на Македонија и ќе има средба со премиерот Зоран Заев.
Владината прес-служба вечерва соопшти дека средбата во Владата ќе биде денес претпладне. Заев и Тачи ќе имаат тет-а-тет средба, по што ќе следува и билатерална средба на делегациите на двете земји.
По завршувањето на средбата ќе следуваат изјави за медиумите на косовскиот претседател и македонскиот премиер.