ТЕЧАТ ПЕТНАЕСЕТТЕ ДЕНА: Се подготвуваат амандманите на Уставот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со изгласувањето започна да тече и рокот од 15 дена во кои Владата треба да достави нацрт-амандмани на Уставот до Собранието.

Во второто гласање од вкупно три, треба да се утврдат нацрт амандманите кои Владата ќе ги достави и да се стават на гласање, за тоа не е потребно 2/3 мнозинство.

Третата и последна фаза е усвојување на амандманите за што е потребно двотретинско мнозинство.

Талат Џафери во отвореното студио на ТВ 21 рече дека целата работа би завршила до 15. јануари.

Кога ќе биде закажана собраниската седница по предлогот за измена на Уставот, одлучува претседателот на Собранието.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This