- Advertisement -
Пратеникот Антонио Милошоски на социјалните мрежи објави посвета до „пратеникот кој по гласањето липаше како мало дете по Собраниските ходници“, во стиховите од Пушкин
„ДАВЕНИКОТ
А во народот се збори,
Сека година, в исти ден,
Несреќникот грев што сторил
На страшниот гост е плен.
Овие стихови од Пушкин му ги посветувам на пратеникот кој ноќта на “срамниот Петок” (ден 19ти Октомври), после притисокот и принудното гласање ЗА, низ собраниските ходници липаше како дете.“ – напиша Милошоски на својот ФБ профил.