На следните претседателски избори ДУИ ќе бара консензуален претседател, најави лидерот Али Ахмети во неговото костување во емисијата Клан Дебат на ТВ Клан Македонија.
– Секако тоа е еден од ставовите кои сме ги објавиле и ќе го браниме со фанатизам и ќе го промовираме на сите простори тука во Македонија. Ние сакаме консензуален претседател, да седнеме, да разговараме, да се усогласиме“ – рече Ахмети.
Ахмети исто така кажа дека веќе има и имиња за консензуален претседател, но сѐ уште е рано да се зборува за тоа.