АЛБАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ВО ИНКОГНИТО ПОСЕТА НА БИТОЛА: Битола бил најважниот град за Албанците во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Република Албанија Илир Мета два дена бил во посета на Битола по повод 110-годишнината од албанската азбука, а македонските национални и локалните медиуми не беа известени за настанот. За посетата на Мета новинарите од Битола дознаа од социјалните мрежи, откако претседателот на Албанија на својата фејсбук страница објави фотографии од неговата посета на Музејот на албанската азбука во Битола, како и на селото Меџитлија каде се сретна со жителите.

Тој се слика и покрај чешма со прочуената кисела вода во Пелагонија.Под објавените фотографии напишал дека заедно со албанските жители „ја делиме желбата дека подобри времиња доаѓаат за нив, со новите изгледи за членство во НАТО на Македонија и преговорите за ЕУ следната година“.

„Протоколот беше на високите гости од Албанија и ние не можевме да се мешаме, носеа новинари од Албанија. Претседателот на Албанија вчера го посети Музејот на албанската азбука во Битола, вечерта присуствуваше на концерт во Центарот за култура, синоќа преспа тука, а денес беше во Меџитлија“, рече Нуер Арслани, директор на Музејот во Битола.

Новинарите од Битола не знаеја дека толку висок политичар е во посета на градот, па претпоставуваат дека најверојатно не беа ни известени за да не се поставуваат прашања. Деновиве, дел од македонските портали и телевизии повикувајќи се на медиумите од Алабнија, пишуваа за наводна можна замешаност на албанскиот претседател Илир Мета, но и албански бизнисмен кој има бизниси и во Македонија во бегството на осудениот пратеник и експремиерот Никола Груевски преку Албанија во Црна Гора до Унгарија.

Дека претседателот на Албанија присуствуваше во Битолскиот Регион потврда имаме и од битолската полиција.  Мета денес околу пладне заминал од Битола.

Latest News

B52Club Your Ultimate Gaming Destination in the City [088.Casino]

Are you a gaming enthusiast looking for the ultimate gaming experience in the city? Look no further than B52Club,...

More Articles Like This