ЕВЕ ШТО ДОГОВОРИЛЕ:Со Бугарија заедно да ги славиме Кирил и Методиј и Прличев – за Самоил се преговара

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заедничката бугарско-македонска комисија за историските и образовните прашања постигнала согласност да предлжи на владите заедничко славење на Светите Браќа Кирил и Методj, како и заедно да се чествува Григор Прличев.

Веста доаѓа по дводневната втора средба на комисијата во Националниот историски музеј во Бугарија, пренесе Бугарската национална телевизија (БНТ).

Комисијата сé уште не постигнала договор за цар Самуил.

„Направивме сериозни напори да ги доближиме позициите околу интерпретацијата на средновековната историја и специјално за личноста на цар Самоил“, изјави претседателот на бугарскиот дел од Комисијата, Ангел Димитров.

Согласноста за интерпретацијата на заедничкото минато на Бугарија и Македонија е поврзано со формулациите, а не со историската содржина.

„Разговорите беа сериозни, долготрајни, професионално конкретни, но сепак тешко доаѓаме до заеднички став“ вели Димитров.

Меѓу темите кои остануваат за следниот состанок на Комисијата закажан во декември во Македонија, е прославата на цар Самуил.

Професор Драги Ѓоргиев, претседател на македонскиот дел од комисијата изјави: Не се откажуваме од верувањето дека и во двете земји цар Самуил треба да се слави. И веќе постои таква практика. Постојат некои двосмислености кои треба да се разгледаат…“

По вчерашната средба експертите од двете земји се подготвени и со своите предлози за учебниците по историја, кои го опфаќаат периодот од праисторијата до крајот на средниот век.

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This