БЕДРЕДИН ИБРАИМИ ДО ФЕТАИ: Немате работа со човек од улица, туку со деталист и перфекционист!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот член на ДИК, Бедрадин Ибраими, обвинет во случајот “Титаник 2″, на денешното рочиште реагираше на водењето на записникот од претходното рочиште, односно имаше забелешки дека недостасуваат делови од неговиот исказ.

Додека тој зборуваше, обвинителката Фатиме Фетаи реагираше до судот дека обвинетиот се повторува, па го праша судот дали обвинетиот дава завршен збор?

На ова Ибраими нервозно и возврати на обвинителката па рече:” Немате работа со човек од улица, туку со деталист и перфекционост”‘.

На ова обвинителката му возврати дека веќе виделе, на што тој и рече:” Ќе видите допрва!”

Ибраими ја обвини обвинителката дека криела докази, а таа му рече слободно да и поднесе кривична пријава бидејќи веќе подолго време ја обвинувал за истото.

Во моментот во судница сведочи Адмир Шабани, вработен во ДИК.

Latest News

Boosting Your Deposit Limits on Go88 A Comprehensive Guide

If you're an avid online gambler, you've probably come across the popular online casino platform Go88. It offers a...

More Articles Like This