Во обид да ја оправда својата шпионска активност во која како главен преговарач за името Никола Димитров оддавал државни тајни во корист на странска влада и служба, денес на својот ФБ профил, министерот за надворешни работи повторно се впушти во лажење на јавноста
Како што вели, информациите биле објавени во 2010. година, што е тоталана лага. Имено, Викиликс информацијата ја објави на својот веб-сајт на 14 декември 2018 година, во 21.04 часот.
Current Republic of Macedonia Foreign Minister Nikola Dimitrov was listed as a “protect” U.S. embassy source twice in 2008 after providing information on the Greece-Macedonia name dispute and NATO, EU integration.
1) https://t.co/YtxNWb3K1K
2) https://t.co/cTcLN39LVh— WikiLeaks (@wikileaks) December 15, 2018
Димитров понатаму продолжува со лажењето, објаснувајќи дека од документот можело да се види дека тој работел „во корист на Макеоднија“, но признава дека работел во корист на странска земја, оддавајќи државни тајни, што самото по себе е кривично дело согласно чл.316 и чл.317 од Кривичниот законик – Шпионажа и Оддавање на државна тајна, за што миниманлната завторска казна е четири години.
„Деновиве гледам извадиле стари информации објавени во 2010 година кои всушност потврдуваат дека конзистентно сум работел на исполнување на стратешките цели – НАТО и ЕУ членството – и сум комуницирал со САД, нашите стратешки партнери, во функција на остварување на државните интереси на Македонија. Истите партнери што во 2004 година, кога бев амбасадор во Вашингтон, го признаа уставното име на Република Македонија. Фактот што после цели осум години се злоупотребуваат истите информации, со обид за тенденциозна лична дискредитација за да му се наштети на заокружувањето на договорот од Преспа, токму во финалето на процесот, индицира дека зад овие игри се сили кои се против реализацијата на европските и евроатлантските интеграции на Република Македонија“, напиша тој на фејсбук.
Додека работел како шпион за Филип Рикер, екс-амбасадор на САД во Македонија, Димитров го известувал за текот на преговорите, за состаноците на државниот врв на Маекдонија, меѓусебните расправии и несогласувања. Димитров ја шпионирал и Дора Бакојани, односно издавал детали од преговорите помеѓу грчката министерка за надворешни и македонскиот МНР Милошоски.