Захир Бекири Чауш до Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски на својот фејсбук профил упати порака во која му посакува да умpe во Идризово, и тоа ни помалку ни повеќе – од cидa
Чауш беше првоосомничен во Фабриката за афери и член на СДСМ. Захир Бекири Чауш и неговиот брат се товареа за изработување и набавување оружје и средства наменети за извршување кривично дело, фалсификување исправа и злоупотреба на лични податоци. Во домот на Чауш беа пронајдени 105 фалсификувани лични карти за кои натамошната истрага потврди дека не биле употребени во изборни постапки.
Која е причината за ваквото јавно препукување, се уште не е јасно.