Во пост на Фејсбук, советничката за земјоделие на Заев, Ленче Николовска гневна на жестоките критики во медиумите за лошите политики на власта, побара медиумите да започнат да ги фалат. На ваквиот пост жестоко и одговори новинарот Бранко Геровски. Новинарот и посочи дека секогаш е тренд да се критикува власта, бидејќи да не било така Заев никогаш немало да дојде на власт, со други зборови Геровски и порача да биде благодарна што просдсмовските медиуми ги донеле на власт.
На ова Николовска одговори дека и таа самата ги фалела политиките на ВМРО-ДПМНЕ кога се вовеле субвенциите и кога редовно биле исплаќани, на што Геровски ја праша од Марс да не паднала.